Федерер не размислува за крај, ги објави своите цели до крајот на сезоната

Од:

Роџер Федерер е мотивиран и насочен кон деветтата титула на „Вимблдон“. Ова го изјави носителот на 20 Гренд слем титули на официјалното претставување на третото издание на „Лејвер Купот“ во Женева. 37-годишниот тенисер за последно учествуваше на Австралија Опен, каде не успеа да ја одбрани титулата од последните две изданија на турнирот и отпадна во осминафиналето од грчкиот талент Стефанос Циципас во четири сета.

Швајцарскиот маестро меѓутоа, категорично ги негираше гласините дека ова е крајот на неговата кариера и ги објави своите цели до крајот на сезоната.

– „Вимблдон“ е мојата најголема цел, како и турнирите во Дубаи, Индијан Велс и Мајами пред тоа. Навистина би сакал да ја започнам силно новата сезона, тоа ќе ми помогне пред кампањата на земја. Се разбира, освен „Вимблдон“, ќе целам на максимално добри перформанси и на „Ју-Ес опен“, „Лејвер Купот“ и завршниот „Мастерс“ на осумте најдобри во Лондон, започна Федерер.

Ѕвездата на светскиот тенис изјави дека ништо за него не се променило по поразот од Циципас и тој продолжува да бара победи над најголемите ривали во текот на годините – Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

– Кариерата ми продолжува … Мотивиран сум, се чувствувам добро и гледам напред кон иднината. Главната цел е да одржувам ниво на игра, што ќе ми помогне да се борам против Рафа и Новак и додека тоа е можно, ќе продолжам да се борам за титули, додаде тој.

Ѓоковиќ, кој го надигра категорично Надал во финалето во Мелбурн, е на врвот на светската листа пред Шпанецот, додека Федерер падна до шестата позиција во рангирањето.

– За мене, првото место на 37-годишна возраст не е главен приоритет, рече Швајцарецот.

На третото издание на „Лејвер Купот“, што ќе се одржи помеѓу 20-22 септември, Бјорн Борг е капитен на тимот на Европа, додека Џон Мекинро го води тимот на САД. Федерер се надева дека неговиот сонародник Стен Вавринка ќе учествува во турнирот.

– Ние заедно ја освоивме олимписката титула во 2008 во Пекинг. Со малку среќа, ние повторно може да играме заедно во Женева, заврши Федерер.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари