Елиминирани втората и седмата носителка на US Open

Од:

Првиот ден на женскиот дел од Грен слемот US Open ги донесе и првите големи изненадувања. Турнирот заврши за Симона Халеп (2. носителка) и за Јохана Конта (7. носителка).

Србинката Александра Круниќ беше поуспешна во три сета од седмата фаворитка Јохана Конта од Велика Британија. Круниќ победи со 2-1, по сетови 4:6, 6:3 и 6:4.

Уште во првото коло Отвореното првенство на САД заврши и за втората носителка Симона Халеп која ноќеска беше елиминирана од Марија Шарапова.

Русинката на турнирот настапува со специјална покана од организаторот поради неможноста да обезбеди учество откако паузираше од тениските терени по допиг аферата.

Шарапова го доби првиот сет со 6:4, возврати Халеп со ист резултат во вториот сет, а во решавачкиот беше 6:3.

Во машка конкуренција најголемото изненадување на стартот е елиминацијата на Давид Ферер (Шпанија) кој загуби од квалификантот Михаил Кукушкин од Казахстан.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари