Елиминирана ланската финалистка на US Open Каролине Возниацки

Од:

Последниот меч од второто коло одигран синоќа на US Open го донесе и најголемото изненадување на денот.

Петра Цетковска од Чешка успеа со 2:1 во сетови да ја победи ланската финалистка Каролине Возниацки од Данска. За пласман во следната рунда се водеше голема борба, а во решавачкиот сет победничката беше решена по тај брекот – 6:4; 5:7 и 7:6 (7:1) во сетови.

На чекор до елиминација беше и Енди Мареј во мечот со Адриан Манарино, кој водеше со 2:0 во сетови, но сепак Мареј го доби мечот со 3:2 и притоа ривалот освои само пет гемови во трите последни сетови.

Од фаворитките пласман во следната рунда обезбедија: Петра Квитова, Сара Ерани, Викторија Азаренка и Симоне Халеп, додека кај мажите Рожер Федерер одигра уште еден одличен меч за влез во третото коло, каде се пласираа уште и Стан Вавринка, Виктор Троицки, Џон Изнер и Томаш Бердих.

Денеска се играат првите мечеви од 3. коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ