По неуспехот на Интер да се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, се возобновија гласините за евентуален трансфер на ѕвездата на „нероазурите“, Мауро Икарди во Реал Мадрид.
Големите амбиции на Аргентинецот не се во согласност со сегашната ситуација, а некои велат дека најдобриот стрелец може конечно да се пресели во „кралскиот“ клуб.
Уште во текот на летото се појавија гласини дека Реал бил заинтересирана за Икарди, но не беше постигнат договор за трансфер.
Во меѓувреме, Икарди се претстави на високо ниво со „сино-црниот“ дрес. Досега, во Серија „А“ тој настапи на 12 мечеви постигнувајќи осум гола, додека во Лигата на Шампионите има четири погодоци во шестте натпревари што ги одигра.
Икарди постигна голови против ПСВ, Барселона и Тотенхем, но тоа не беше доволно италијаснкиот гигант на Лучано Спалети да го продолжи настапот во Лигата на Европа и на пролет.
Интер заврши на третото место во групата Б со осум бода, колку што имаше и Тотенхем, но „петлите“, сепак, имаа подобра гол разлика и продолжија во елиминациската фаза на Лигата на шампионите.