Ди Франческо пред мечот со Реал: Силите се израмнети

Од:

Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо со нетрпение ја очекува средбата со Реал Мадрид од групната фаза на Лигата на шампионите, во која „волците“ ќе се обидат да заборават на поразот од 1:0 од Удинезе пред неколку дена.

Тензиите околу искусниот тренер на Рома продолжуваат да растат, а веќе се појавија гласини за негова замена при нов негативен резултат. Ди Франческо не сакаше да ги коментира овие шпекулации и сподели каков е проблемот на Рома до сега.

– Ние не сме решителни. Тоа е нешто за што често се пишува, но решителноста не можеш да си ја купиш од супермаркет. Тоа е желбата да сакаш да играш на вистински начин како во нападот, така и во одбраната. Се подготвувавме за дуел за која мислам дека ќе биде најважен. Поразите ме лутат. Изгубивме верба во своите способности, сподели Ди Франческо.

Тренерот исто така беше запрашан за гласините дека се подготвува тренерска рокада во тимот при нови слаби резултати.

– Ако сакате да зборувате за тимот, јас ќе го сторам тоа. Јас нема да зборувам за себе бидејќи секогаш сум ја чувствувал довербата на клубот. Ние сме во добра позиција во Лигата на шампионите и можеме да ја направиме одлична ако го победиме Реал Мадрид утре. Двата тима во моментов имаат потешкотии, што значи дека силите се израмнети, заклучи Ди Франческо.

Би можело да ве интересира

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски