Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Од:

Клубот од Мадрид испрати писмо до бројни фудбалски асоцијации со порака дека немаат обврска да ги ослободуваат своите играчи, бидејќи ОИ ги нема во календарот на ФИФА.

„Реал испрати писмо до сите федерации, вклучително и до Француската фудбалска федерација, во кое ги информира дека нема да дозволат нивните играчи да учествуваат на Олимпијадата“, откри извор од Франс прес.

Така, се потврди претходното пишување на весникот Екип за оваа работа.

Во соопштението на Кралскиот клуб се вели дека „заради здравјето и спортскиот интегритет, неговите играчи не можат да играат на Европското првенство или Купот на Америка и Олимписките игри, туку само на едно од тие натпреварувања“.

„Тоа е прашање што е сосема очигледно во однос на спортското здравје, во сезоната што ги очекува во 2024/2025 година“, велат од Мадрид.

Одлуката практично значи дека во случај да дојде во Реал, напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не би имал дозвола да игра за Франција на олимпискиот турнир.

Би можело да ве интересира

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Официјално: Никола Јокиќ игра на ОИ

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа