(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Од:

Реал Мадрид по 15. пат го освои трофејот во Лигата на шампионите откако во финалето на „Вембли“ ја совлада Борусија Дортмунд со 2-0. „Милионерите“ го намачија тимот на Карло Анчелоти, посебно во првото полувреме кога беа и подобар ривал, но потоа Реал уште еднаш покажа дека знае како да победи финале и дека е „кралот“ на елитното европско клупско натпреварување.

Дани Карвахал во 74.минута го отвори резултатот со удар со глава по корнерот на Тони Крос од левата страна, а Винисиус Жуниор во 83.минута постигна втор гол и го нокаутираше ривалот.

Борусија Дортмунд беше одличен тим во првиот дел, можеби и изненадувачки добро му парираше на Реал и создаде неколку стопроцентни шанси. Карем Адејеми излезе сам пред Тибо Куртоа, но белгискиот голман добро затвори и шансата пропадна. Чуварот на мрежата на Реал беше фантастичен и во продолжението од мечот, влеваше сигурност кај соиграчите во одбраната кога тие и не реагираа најдобро.

Никлас Фулкруг го погоди дирекот во првото полувреме, во вториот дел постигна и гол, но не беше признат поради офсајд ситуација.

Легендарниот Тони Крос ја заокружи клупската кариера со уште една круна во ЛШ, тоа е шести трофеј за Реал во последната деценија во елитното европско клупско натпреварување. Карло Анчелоти на фантастичен начин и оваа сезона го предводеше тимот до уште еден триумф во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Белингем го повреди мускулот на десната нога

Горан Наумовски

Мајорка го запре Реал Мадрид на стартот од новата сезона во Ла Лига

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе потпиша за Реал