Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Од:

Стрелецот на единствениот гол за Реал против РБ Лајпциг, Винисиус Жуниор одлично помина кај судијата Маса, кој му покажа само жолт картон за стартот врз Орбан.

Тоа беа, всушност, две нервозни реакции на Бразилецот во дуелот со капитенот на гостите.

Прво го собори одзади, а потоа веднаш со двете раце го фати Орбан за врат и го собори, иако имаше и доза театралност од фудбалерот на Лајпциг.

Сепак, тоа не го менува главниот впечаток дека италијанскиот судија можеше (и мораше) да му покаже црвен картон на Винисиус за овој напад во 54. минута.

Очигледно Маса не ја видел така оваа грубост на играчот на Реал.

Фудбалерите на германскиот тим веднаш побараа црвен картон за Бразилецот. Италијанецот не им ја исполни желбата.

Недолго потоа, Винисиус го постигна водечкиот гол за мадриѓаните, кои и покрај тоа до самиот крај беа загрижени мечот да не оди во продолженија.

Интересно, Орбан беше тој што израмни за гостите веднаш по голот на Винисиус.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спектакуларна промоција на Мбапе пред 80 илјади навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе потпиша за Реал

(ВИДЕО) Реал е неприкосновениот „крал“: 15 титула во Лигата на шампионите

Крос се прости од навивачите на Реал и заплака: Се држев, но тоа ме дотепа

Неповторливиот Лука Модриќ – собори уште еден рекорд

Предраг Петровиќ

Модриќ го урна рекордот на легендарниот Пушкаш во Реал Мадрид

А1он