Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“

Од:

Дерби дуелот на осмото коло од кошаркарската Супер лига ќе се одигра попладнево во салата „Градски парк“ во Скопје, а ќе играат Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.

Првакот МЗТ Скопје е единствениот непоразен тим во лигата, но го чека гостување на „жешкиот терен“ против големиот ривал. Почетокот на дуелот е во 18 часот.

Во истиот термин се играат и другите два дуела од оваа рунда. Во Кавадарци, Фени Индустри го пречекува Кожув, а во СЦ „Борис Трајковски“ Карпош Соколи е домаќин на Куманово.

Табела: МЗТ Скопје А. 14 бодови, Карпош Соколи 12, Работнички 11, Кожув 9, Куманово 9, Фени Индустри 8.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот