Дел Потро: Дома се радувам на трофејот од US Open

Од:

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјави дека со нетрпение го очекува натпреварот против Рафаел Надал за пласман во финалето на US Open.

Дел Потро досега само еднаш го има освоено тениското првенство на САД, и тоа во 2009 година кога во финалето го победи Роже Федерер.

– Дома се радувам кога ќе го погледнам пехарот. Не знам дали можам да освојам уште еден, но ќе дадам се од себе, истакна Дел Потро.

Неговиот ривал во полуфиналето Надал е актуелен најдобар тенисер во светот, но воедно и бранител на титулата на US Open.

– Задоволен сум како играм во текот на целиот турнир. Тоа ќе биде тежок натпревар. Меѓутоа, ќе имам можност да играм со најдобриот во светот, истакна аргентинскиот тенисер.

Надал на 16-те меѓусебни натпревари со Дел Потро беше подобар на 11.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ