Дејвис куп: По првиот ден од полуфиналето резултатите се 1:1

Од:

Со мечевите во поединечна конкуренција одиграни синоќа, стартуваа полуфиналните дуели од Дејвис купот – Белгија-Австралија и Франција-Србија.

Во Брисел водство на Белгија и донесе Давид Гофан, кој го совлада Џон Милман со 3-1 во сетови, иако противникот водеше со 1-0. Во вториот меч, по голема борба и меч во пет сета, Ник Кириос го победи Стиви Дарцис со 3-2 во сетови и го изедначи резултатот на 1:1.

Во Лил, на стадионот „Пјер Муро“, Душан Лајовиќ и овозможи водство на Србија со триумфот од 3-1 во сетови против Лукас Пуј. Французите израмнија благодарение на победата на искусниот Жо-Вилфред Цонга над 22-годишниот Ласло Џере со 3-0 по сетови.

Денеска на програмата се мечевите во двојки, а утре по сингл дуелите ќе бидат познати годинашните финалисти во ова натпреварување.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ