Де Лаурентис: Фудбалерите на Наполи треба да бидат среќни што не живеат во Ливерпул

Од:

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека неговите фудбалери треба да бидат среќни што играат и живеат во Неапол.

Според контроверзниот Де Лаурентис југот на Италија е далеку поубаво место за живеење на пример од Англија.

– Дали можете да замислите секој ден да се будите во Ливерпул? Во тој град постои само куќата на „Битлси“…Во Париз можат да се видат многу работи, но климата не е како во Неапол. Мора да си луд ако не си среќен во Неапол. Го имам најдобриот поглед во Рим, но секогаш би го менувал за куќа во Наполи, истакна Де Лаурентис во интервју за француски „Паризиен“.

Според него играчите на Наполи имаат обврска само да тренираат, а потоа имаат цел ден на располагање за уживање. Де Лаурентис во шега истакнува дека „фудбалерите ги плаќаат за да се забавуваат во идеални услови“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска