Британија го слави златниот Мареј

Од:

Британскиот тениски ас Енди Мареј конечно успеа да слави на Вимблдон, откако во финалето на олимпискиот турнир убедливо со 6-2, 6-1, 6-4 го совлада светскиот рекет број 1 Роже Федерер и го освои златниот медал.

Битката за бронзениот медал му припадна на Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, кој со 2-0 (7-5, 6-4) беше поуспешен од Новак Ѓоковиќ, кој остана без медал.

Мареј му се реваншираше на Федерер за поразот во финалето на престижниот тениски гренслем на истото место пред еден месец, успевајќи во доминантен стил да забележи голема победа која предизвика славје на Островот, обезбедувајќи го 16. злато за Британија, а инаку прво во поединечна конкуренција за Обединетото Кралство по пауза од повеќе од еден век. Последен пат Британија се радувала на олимписка титула во сингл во далечната 1908 година.

Мечот за третото место му припадна на Дел Потро, кој успеа и физички и психички да закрепне по поразот во полуфиналниот маратон од Федерер, од кој во одлучувачкиот трет сет загуби со 19-17. Популарниот Ноле на крајот не успеа да ја одбрани брозната од Пекинг, а Дел Потро и го донесе првиот медал на Аргентина на ЛОИ во Лондон.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари