„Барселона“ на „Јувентус“ му го дава Семедо во замена за Де Шиљо, Пјаниќ и 25 милиони евра

Од:

Дефанзивецот на Барселона, Нелсон Семедо е близу до приклучување кон Јувентус.

Според „Спорт .ес“, Барселона и Јувентус постигнале договор според кој Семедо ќе се пресели во Италија, а во спротивна насока ќе одат играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ и дефанзивецот Матиа Де Шиљо.

Јувентус ќе им плати и на Каталонците 25 милиони евра, кои се планирани да бидат потрошени за набавка на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

„Бјанко-нерите“ треба да ги завршат преговорите со Семедо во наредните часови, додека Пјаниќ и Де Шиљо веќе се договорија со Барселона.

Размената ќе биде завршена на почетокот на следната сезона, а доколку Лигата на шампиони се игра во август, договорот ќе биде затворен откако ќе заврши турнирот. Доколку последните фази од Лигата на шампионите бидат одложени до есен, трансферите ќе бидат договорени однапред.

Претходно беше објавено дека Семедо претпочита трансфер во Манчестер сити, а не во Јувентус.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ