Азар одбил две понуди на Челзи, очекува повик од Реал Мадрид

Од:

Иднината на ѕвездата на Челзи, Еден Азар останува нејасна, како што е случај во последната половина година. Како што е познато, тој е посакуван од Реал Мадрид, а и Азар не ја крие желбата да премине во европскиот шампион.

Белгискиот новинар, Кристоф Теро открива дел од плановите на Азар по сите шпекулации во последните месеци.

– Азари одби две понуди за обновување на договорот со Челзи и стави јасно до знаење дека не сака да потпише ништо во овој момент. Тоа значи дека тој очекува нешто, што само може да е Реал Мадрид, информира новинарот.

Тој додава дека во моментов нема договор помеѓу играчот и Реал, ниту пак со Челзи.

– Сега од Мадрид треба да направат потег. Нема дури ни телефонски повик, како што беше минатото лето. Тогаш при јавувањето од Челзи изјавија дека Азар не е за продажба и тоа беше испочитувано. Но од Мадрид може повторно да се јават во Лондон, бидејќи имаат потреба од подобрување на составот по оваа сезона, а веќе е полесно да се преговара со играч, кој е во последната година од договорот, вели Теро.

Актуелниот договор на Белгиецот е до летото 2020 година, а од лондонскиот клуб веќе беа принудени да му стават и цена, ако не сакаат да го испуштат без пари следната година.

Сепак, Теро додава дека Азар има само две опции – Челзи и Реал Мадрид.

– За Азар е лесно – или останува во Челзи, или оди во Реал Мадрид. Тој не е заинтересиран за ПСЖ, а во Франција би се вратил само во Лил. Токму овој одговор го добиваат ПСЖ секој пат кога се распрашувале околу Азар. Ако неговиот сон да игра за Реал Мадрид, не се оствари, тој ќе остане во Челзи и ќе потпише доживотен договор. Мислам дека тој ќе инсистира сепак за Реал, па од Мадрид се на потег, заврши белгискиот новинар.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски