Анчелоти: ПСЖ е непредвидлив тим

Од:

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти го прокоментира претстојниот судир со ПСЖ од групната фаза на Лигата на шампионите.

Во моментов „небесно-сините“ го заземаат второто место во групата „Ц“ со предност од 5 поени. Парижаните се трети со 1 поен помалку.

Утре фудбалерите на Анчелоти ќе го пречекаат ривалот на „Сан Паоло“ во 21,00 часот, а при позитивен резултат речиси сигурно ќе си обезбедат пласман во следната фаза.

– Во првиот натпревар, ривалот користеше два различни модели на игра. Сега не знам како ќе игра ПСЖ против нас. Тие остануваат сериозен тим кој е многу тешко да се надмине. Нивниот тим во моментов е непредвидлив. Имаме голема почит кон силните тимови. Тоа што се справивме добро во првиот натпревар ни дава поголема доверба, но натпреварот ќе биде тежок, изјави Анчелоти.

Во однос на Џиџи Буфон, тој изјави дека ќе му биде задоволство повторно да го види.

– Имам голема почит кон него. Тој е одличен професионалец и одличен пријател, вели Карло.

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Голманот на ПСЖ е во тешка состојба: Коњ го удри во глава, префрлен во болница со хеликоптер

Горан Наумовски

ВИДЕО: Елмас со Наполи стана шампион на Италија

Катерина Ѓуровски