Голманот на ПСЖ се разбуди од кома во која заврши откако падна од коњ: Работите се подобруваат

Од:

Голманот на францускиот шампион ПСЖ, Серхио Рико се разбудил од кома и неговата состојба е многу подобра, објавија шпанските медиуми.

Пред повеќе од еден месец, додека јаваше во Андалузија, Рико падна од коњот и заврши во кома.

„Благодарам на болницата и на персоналот што се однесува неверојатно, не само кон Серхио, туку и кон сите пациенти. Навистина им благодарам и благодарам на Бога, на сите што ни испратија многу сила, да продолжиме напред. Малку по малку, работите се подобруваат. Од самиот почеток знаев дека ќе се опорави е дека е голем шампион“, објави неговата сопруга Алба Силва.

Серхио Рико по будењето не зборувал, но го препознал семејството и реагирал на нивното присуство.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ