Анчелоти: Корисен тест и Црвена Звезда ќе игра слично како Киево

Од:

Иако важеше за огромен фаворит, екипата на Наполи ги разочара своите навивачи со ремито против последно пласираниот тим во Серија А, Киево.

Сепак, тренерот Карло Анчелоти и во овој разочарувачки резултат гледа корисни работи.

– Овој натпревар може да ни послужи како добар тест пред средбата од Лигата на шампионите со Црвена Звезда. Мислам дека и белграѓани ќе играат слично како Киево. Можевме да видиме што не очекува и со што би можеле да се соочиме на средбата во среда. Против Киево не игравме со доволно висок интензитет и тука беше нашиот проблем, изјави Анчелоти.

Тој побара од неговите избраници да го сменат пристапот на ваквите натпревари кога противникот цела игра ја базира на одбрана.

По ремито со Киево, Наполи заостанува осум бода зад лидерот во италијанското првенство, тимот на Јувентус.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска