Зголемен бројот на починати од Ковид-19 во Словенија, владата ќе воведе нови мерки

Од:

Во последните 24 часа во Словенија од Ковид-19 се заразени 1.798 лица, додека 23 починале, соопштија здравствените власти во земјата.

Ова е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата.

Како што објави „ТВ Словенија“, владата ќе претстави нови мерки за борба против пандемијата во текот на денот.

Како што се наведува, биле тестирани 6,68 лица, од кои 28,3 проценти биле позитивни на вирусот.

На болничко лекување има 703 пациенти, од кои 122 се на интензивна нега.

Како што најави портпаролот на владата, Јелко Кацин, од следната недела градинките ќе работат во ограничен обем, основните училишта ќе бидат на годишен одмор, а активностите во средните училишта и високообразовните институции ќе се одвиваат преку Интернет.

Тој рече дека забраната за движење во текот на ноќта, движењето меѓу општините и собирот на повеќе луѓе останува во сила.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он