Заштитна опрема украдена од Клиничкиот центар во Љубљана се продавала на интернет

Од:

Медицински одела, заштитни маски и средства за дезинфекција кои биле крадени од Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се продавале на интернет, јави Телевизија Словенија.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, полицијата приведе две лица за кои има сомневање дека ги ограбувале складиштата на медицинскиот центар. Веднаш бил направен и претрес во нивните домови, а локалните медиуми објавуваат дека во целата криминална мрежа се вплеткани и вработени во болницата.

Овие кражби според информации на управата на Клиничкиот центар најверојатно траеле веќе неколку недели, а вработените се посомневале во тоа бидејќи резервите од заштитни материјали се трошеле побрзо од предвидувањето на надлежните.

Во меѓувреме Владата го разреши и директорот за стоковни резерви кој е во самоизолација поради коронавирусот, по обвинувањата на опозицијата за неправилности и скандалите кои ја пратеа набавката на заштитни маски за потребните на Словенија.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он