Заедничка меѓувладина средба за економска соработка меѓу Бугарија и Србија

Од:

Во Белград денеска се одржа Втора сесија на Заедничката меѓувладина комисија за економска соработка меѓу Србија и Бугарија, на која учествваа српскиот министер за рударство и енергетика Александар Антиќ и бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски.

– Нашите пријателски, политички и соседски односи се многу добри. Дојде време да им дадеме дополнителна енергија и да ги насочиме во насока кон економска соработка. Треба да започнеме нови инфраструктурни проекти, а постоечките да ги спроведеме до крај, изјави српскиот министер Антиќ, оценувајќи ја заедничката комисија како добра можност за развој на билатералниет односи меѓу Србија и Бугарија.

Според Антиќ Бугарија е еден од најголемите надворешно-трговски партнери на Србија со стокова размена од околу 600 милиони евра.

Србија се наоѓа на 16. место во извозот на Бугарија за 2014 година, а во однос на увозот зазема 19. место. Стоковата размена меѓу Бугарија и Србија за периодот јануари-декември 2014 година има раст од 4,41 процент во однос на истиот период на 2013 година. Извозот паѓа со 2,68 отсто, додека увозот бележи раст од 12,65 проценти.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија