Вулин: Не бараме Република Српска на Косово

Од:

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Александар Вулин денеска изјави дека Србија на Косово не бара Република Српска, туку формирање Заедница на српски општини која ќе има изворни овластувања, контрола и влијание врз судството, полицијата, образованието и сите сегменти важни за животот на граѓаните.

-Тоа не е Република Српска, не бараме надворешни работи, војска, и сето она што РС го има според Дејтонскиот договор. Ние бараме Србите на Косово да можат да живеат онака како што сакаат, рече Вулин во Призрен.

Коментирајќи ја изјавата на амбасадорот на САД во Белград, Мајкл Кирби, дека САД не сакаат „ нова Република Српска на Косово“, бидејќи тој модел не се покажа добро  решение за развојот на БиХ, Вулин рече дека РС ја создала меѓународната заедница, и дека ако не е задоволна, тогаш тој проблем треба да го реши самата со себе, не со Србија.

-Не треба нас да не обвинувате за РС. Сами ја создадовте, не бидете незадоволни со сопствената работа и не треба нас да не спречувате во обидот на луѓето на Косово да им овозможиме да живеат, порача Вулин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ