Вучиќ за рестрикциите на струја: Ќе се бориме да се загрее секоја куќа и да има светлина во неа

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија се уште нема направено план за ограничување на електричната енергија во зимскиот период и дека се надева дека ќе има доволно пари за набавка на енергенси за да се спречи тоа да се случи.

„Сите европски земји направија планови за рестрикции на електричната енергија во зимскиот период, но Србија сè уште не ги направи бидејќи се надеваме дека ќе обезбедиме доволно пари за да излеземе од тешката ситуација“, рече тој.

Според него, државата ќе се бори „да се загрее секоја куќа и да има светлина во секоја куќа“.

Вучиќ рече дека набавката на енергетски производи ќе биде отежната во наредниот период, а како пример го наведе тоа што во моментов 1.000 кубни метри гас се продаваат за 3.300 долари, а по плаќањето на посредниците и транспортните трошоци, не може да се купи по цена пониска од 4.000 долари.

„Нема држава во Европа што може да го издржи тоа, а ние се трудиме да издржиме и да изградиме и да не почувствуваме ништо“, рече претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија