Вучиќ: Во Вашингтон водев грижа за интересите на Србија, но и за целиот регион

Од:

Во интервју за сараевскиот весник „Дневни Аваз“, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон каде водел грижа за интересите на двете преговарачки страни, но и за целиот регион.

Вучиќ рече дека за време на преговарачкиот процес постапил одговорно и сторил се што можел за доброто на Србија и неговиот народ.

„Се однесував одговорно и учтиво, таму имав чест да разговорам со Доналд Трамп на различни теми. Секогаш ќе го повторувам тоа, бидејќи моја обврска е да сторам се што можам за мојата земја, за Србија. И се обидов се што предложивме да биде во интерес не само на Србија, туку и на сите други држави од регионот“, изјави Вучиќ.

Зборувајќи за економскиот договор во Вашингтон и коментарите што произлегоа по средбата со американскиот претседател, Вучиќ рече дека не му паднало на памет да го напушти состанокот во Овалната соба поради положбата во која бил.

„Замислете претседател на било која од нашите мали земји од регионот да добие можност да влезе во Овалната соба, да разговара билатерално, сам со претседателот на САД и кога ќе му стават стол да каже извинете, не ме интересира овој стол, сега ќе го шутнам и ќе излезам надвор, бидејќи многу е важно за моето его каков ќе биде тој“, изјави српскиот претседател.

Претходно, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во врска со постигнатиот економски договор изјави дека Србија добила многу придобивки и посочи дека отворањето на канцеларијата на Меѓународната финансиска корпорација за развој (ДФЦ) во Белград е огромен сигнал за инвеститорите и индикатор за тоа колку е безбедна земјата за инвестирање.

„Горда сум на нашата земја и делегацијата, предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ, како тие ја претставуваа Србија во Вашингтон и Брисел, како преговараа за договорот и што од тоа доби Србија“, рече Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Претседателот на Србија ја праша американската амбасада во БиХ – „А каде тоа го пишува?

Предраг Петровиќ

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ