Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

Од:

Како што соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), ширум Србија започна силно невреме кое ќе трае до крајот на денот. Во поширокото подрачје на главниот град на Србија, во Ресник, почна да паѓа и град.

Силен дожд пропратен со грмежи почна во Белград нешто пред 16 часот. Многу улици во градот се веќе полни со вода, а сообраќајот е значително забавен, поради што се повикуваат возачите да ја прилагодат брзината на движење и внимателно да возат, пренесуваат српските медиуми.

Најсилно невреме се очекува во поширокото подрачје на Смедерево, Пожаревац, Младеновац, Обреновац, Лазаревац и на јужната периферија на Белград, но локално и во другите делови на Србија.

Во овие подрачја се очекува силно невреме со град, бурни ветрови и многу обилни врнежи од дожд, со ризик од поројни поплави.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации