Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Од:

А.М.(22) од Књажевац, во семејната куќа, со ловечка пушка што ја поседувал неговиот дедо М.М.(81), од засега непозната причина ги убил дедото, 83 годишната баба и 60 годишниот татко.

Осомничениот досега не е осудуван, ниту пак е евидентиран како сторител на какво било какво кривично дело.

Неофицијално, тој на полицаецот му рекол дека убиствата ги извршил од сочувство, наведувајќи дека дедо му бил сенилен, а татко му болен.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека дваесет и двегодишниот А.М. извршил тројно убиство во семејниот дом во Књажевац.

„Дваесет и двегодишниот А.М., попладнево во семејниот дом во Књажевац изврши тројно убиство, татко му, дедо му и баба му. Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни. Убиството го извршил со ловечкото оружје од дедото“, потврди министерот Дачиќ.

Осомничениот веднаш бил приведен и го признал делото.

На полицијата и кажа дека повеќе не можел да се грижи за нив“, изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи

120 австриски полицајци „ловеа“ маж кој си ја убил жената и активирал експлозив

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0