Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Од:

Вишото јавно обвинителство во Зајечар и нареди на полицијата во Књажевац да го приведе убиецот Алекса Милојевиќ (22) до 48 часа.

Алекса Милојевиќ е уапсен за тројното убиство во семејниот дом – дедото Миќа Милојевиќ (81), бабата Сара (83) и таткото Предраг (60). Тој го призна делото, велејќи дека го направил од сочувство.

Како што се дознава, крвопролевањето се случило денеска околу 15 часот и 50 минути. Телото на таткото било пронајдено во ходникот, каде било имало многу крв. Ги убил бабата и дедото во дневната соба, додека гледале телевизија.

Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Младото момче изјави во полиција и дека не можел повеќе да се грижи за сите нив.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации