Вучиќ: Прва геј министерка во српската влада

Од:

Владата на Србија ќе има и една министерка која јавно се изјаснува за личност со хомосексуална определба, рече Александар Вучиќ денеска во српскиот парламент.

-Ана Брнабиќ, која ќе биде министерка за локална самоуправа во новата српска влада е припадничка на геј популацијата. Таа тоа не го крие и со гордост говори за нејзината определба. Таа е толку љубезна и ми рече: Претседателе, ако тоа ви пречи, сигурна сум дека луѓето ќе зборуваат..а јас одговорив: Не, мене ме интересира само твојот резултат, а знам колку си стручна и вредна, рече Вучиќ и додаде:

-Воопшто не ме интересира, тоа е нејзино право, мене ме интересираат нејзините резултати. Ако имате да ми кажете нешто лошо од нејзината биографија, а во неа нема ниту дамка-тоа е жена која има многу направено за сите нас, и многу се радувам на нашата заедничка работа. Таа има извонредна енергија, а мене ме интересира само да постигне резултати во тешка работа што стои пред неа, рече Вучиќ.

Брнабиќ по професија е менаџер за односи со јавноста, а магистратирата од областа на маркетингот ја има завршено на британскиот универзитет “Hull”.

По шестгодишниот престој во странство, дипломски и постдипломски студии и ангажманот на факултетот во Српскиот информативен центар во Лондон, се врати во земјата со желба како што самата кажа “да даде придонес во реформите и просперитетот на Србија“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија