Вучиќ: Немам намера да го признаам Косово, јасно кажав дека за тоа не сакам да разговарам

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во вонредно обраќање од Вашингтон, каде ја предводи српската делегација во разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека нема никаква намера да ја признае независноста на Косово и дека за време на денешните состаноци јасно кажал оти за тоа не сака разговара.

Според Вучиќ, на српската делегација во Вашингтон ѝ бил понуден „тежок документ“, насловен како „економска нормализација“, во чија десетта точка се барало Србија да го признае Косово.

„Нашата страна немаше увид во тоа. Тој документ беше ужасно тежок. Една од точките беше и онаа за меѓусебното признавање, што за нас не е новост. Реков дека тоа не можеме да го прифатиме и администрацијата на Трамп беше фер, сфатија дека не можеме тоа да го прифатиме,“ рече Вучиќ во обраќањето пренесено во живо.

„Нема сомнение дека денеска и вечерва, признанието на Косово нема да биде тема, затоа што јасно дадов на знаење дека тоа не можеме да го прифатиме,“ додаде тој.

Српскиот претседател рече дека тешките разговори ќе продолжат во текот на вечерта и ноќта, како и утре, за кога од Белата куќа најавија дека лично ќе се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп.

Во денешната втора рунда од разговорите, која започна околу 20 часот по средноевропско време, се вклучи и ќерката и советничка на Трамп, Иванка. Зборувајќи за нејзиниот придонес, Вучиќ рече дека таа зборувала за економски развој на целиот регион на Западен Балкан, како и дека не е исклучено Иванка Трамп во скоро време да ја посети Србија.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски