Вучиќ и Китаровиќ ќе потпишат декларација за развој на односите

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави пред утрешното потпишување на Декларацијата за унапредување на односите и решавање на отворените прашања со Хрватска, дека тоа е прв чекор за затоплување на односите меѓу двете држави.

– Сметам дека постигнавме одличен резултат. Договорот е за суштински, сериозни и стратешки прашња за Србија и за Хрватска. Треба да се обидуваме повеќе да разговараме едно со други, да покажеме поголемо меѓусебно почитување- изјави Вучиќ за ХРТ.

Во интервју за РТС, Китаровиќ вели дека постои искрена волја кај двете страни да се тргне кон решавање на отворените прашања. Колинда Грабар Китаровиќ нагласува дека српскиот премиер Вучиќ и таа сакаат нивната средба в понеделник да биде навистина историска.

– Искрена волја кај двете страни е да се тргне во конкретно решавање на отворените прашања. Тоа нема да биде протоколарна средба. Состанокот не е поттикнат од меѓународната заедница туку е мотивиран со заедничка желба да се направат конкретни чекори за приближување на двете држави – вели таа во интервју за РТС, пренесе Танјуг.

Потпишувањето ќе биде во српскиот град Субитица.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик