Вучиќ: Доколку сум на местото на Пацоли не би се фалел пред време за собраните гласови за членство во УНЕСКО

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека тој не би бил толку сигурен во гласовите за членство на Косово во УНЕСКО, како што е потпретседателот на косовската влада, Беџет Пецоли.

Тој рече дека српските власти веќе ги анализирале сите средби на Пацоли, а на неколку биле и присутни.

– Ние и Американците не се согласуваме по тоа прашање. Тие ја признаа независноста на Косово и им помагаат во собирањето на гласови за влез во УНЕСКО. Имаме спротивен став по тоа прашање, но Американците се важен партнер на Србија. Без Америка нема решение за било какво решение и да станува збор, рече Вучиќ во пресрет на состанокот со првиот заменик помошник на државнито секретар на САД за европски и евоазиски прашања, Елизабет Милард.

– Ние ќе се бориме за својата земја, а дали ќе успееме останува да видиме. Јас не би се фалел толку лесно да сум на местото на Пацоли, порача Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија води тешка битка бидејќи Косово има коспонзори во најмоќните земји на светот.

– Не станува збор само за Албанците од Косово, туку за Американци, Англичани и многу други. Не настапуваме со толку сила колку што имаме, волја и правда колку што имаме во нас, се бориме за нашата земја и се обидуваме да го спасиме нашиот народ и нашите места на Косово и Метохија, нагласи Вучиќ.

-Тоа е нашиот став, а како ќе испадна на крајот останува да видиме. Јас не би се обложил така лесно на тие 15-20 земји како што денес направи Пацоли, заклучи Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски