Вработени во рудник во Бугарија стапија во штрајк со глад

Од:

Работниците од рудникот за манган „Оброчиште”, што се наоѓа близу градот Добрич во североисточна Бугарија, стапија во штрајк со глад со барање државата да го преиспита концесискиот договор за наоѓалиштето, јави БТА.

Според лидерот на синдикатот на рудникот, Ивајло Тодоров, двонеделниот протест за повисоки плати на 180 рудари, не вродил со плод, па тие се решиле на порадикални чекори.

Раководството го блокираше пристапот до рудникот.

– Штрајкот веќе е за спасување на рудникот. Штрајкувачите не можат да воспостават никаква врска, дури ни телефонска, со раководството на рудникот, рече Тодоров.

Наоѓалиштето за манган близу селото Оброчиште, експертите го сметаат за четврто по големина во светски рамки.

Би можело да ве интересира

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16