Во Словенија се отвораат ски-центрите, училиштата и некои услужни дејности

Од:

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, скијачките центри наскоро ќе бидат „отворени“ под одредени услови. Следната недела повторно ќе почнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе се отворат и пазари, фризерски салони, механичарски сервиси, соопшти синоќа словенечката Влада.

Во девет од 12-те региони, оние со подобра епидемиолошка слика, ски-центрите ќе бидат повторно отворени од сабота, а оние со негативен тест за коронавирус ќе можат да скијаат, потврди премиерот Јанез Јанша.

Од следниот вторник во истите региони ќе бидат отворени градинки и паралелки за ученици во првите три одделенија од основното училиште, но со сите анти-епидемиски мерки и негативен тест за коронавирус за воспитувачи и наставници кои ќе бидат тестирани претходниот ден.

Пазари, киосци, услуги за чистење, фризери и слични услуги, услуги за чистење оџаци повторно им е дозволено да работат, а се отвораат и продавници со опрема за деца.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он