Во Анкара усогласена Декларацијата од Третата трилатерала Турција, БиХ и Србија

Од:

Претседателот на Република Турција, Абдула Ѓул, претседавачот и членовите на Претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, Бакир Изетбеговиќ и Жељко Комшиќ, и претседателот на Србија, Томислав Николиќ, на третиот трилатерален состанок на ниво на шефови на држави, денеска во главниот град на Турција, ја усагласија заедничката Декларација.

Во Декларацијата, како што пренесува агенцијата Анадолија, е нагласена улогата на трилатералните состаноци како институционална рамка на регионалната соработка, со нагласок на соработката во областите економија, култура, образование, наука, енергија, инфраструктура, транспорт, спорт, туризам и борбата против тероризмот и сите облици ектремизам.

Претседателите во Декларацијата ги поддржаа реформските процеси во трите земји што ќе резултира со интеграција во Европската унија (ЕУ).

Во Декларацијата се наведува дека следниот трилатерален состанок ќе биде оддржан во 2014 година во Сараево, а поздравена е соработката на министрите за економија на трите земји што вчера го потпишаа Протоколот за формирање троен комитет за економска соработка.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски