ВИДЕО: Се одржа Парадата на гордоста во Србија, над педесет луѓе уапсени

Од:

Парадата на гордоста се одржа во Белград под силно полициско обезбедување, а на неа се појавија градоначалникот на Белград Синиша Мали, престедателот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ, потпретседателот на ДС, Борислав Стефановиќ, амбасадорите на САД, Британија, Германија, Шведска, Данска и ЕУ.

sinisamali-ceda-prajd

Поддршка со учество во прошетката дадоа и неколку познати режисери, како и министерите Иван Тасовац, Кори Удовички и Александар Јоксимовиќ.

За време на одржувањето на парадата се случија неколку инциденти од кој најсеризен беше со со претепувањето на братот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ.

Уапсени се над 50 луѓе кои се обидувале да се уфрлат меѓу учесниците на парадата, како и еден кој со автоматска пушка и се заканувал на полицијата.

Додека треше прошетката, дојде до судир помеѓу демонстранти со четнички обележја и полицијата кон која фрлаа камења, но набргу се повлекоа.

srpskiprajd2014-15

Ниту еден ид улесниците на парадата не беше загрозен од противниците на истата кои чекаа во споредните улици да предизвикаат инцидент.

SETNJA

За време на одржувањето на парадата,од храмовите на Српската православна црква иако не е празник, интензивно се слушаа црковните ѕвона.

srpskiprajd2014-1

Извршниот директор на Фондот за хуманитарно право Наташа Кандиќ која се приклучи на парадата, порача дека нејзиното оддржување е добра лекција што Владата и ја отчита на Српската православна црква.

srpskiprajd2014-13

Шефот на преговарачкиот тим на Србија, тања Мишчевиќ изјави дека денес е многу важно Србија како општество и држава да покаже дека ги почитува правата на сите граѓани кои се малцинство.

srpskiprajd2014-16

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on