ВИДЕО: Илјадници демонстранти на улиците низ Црна Гора

Од:

Во неколку градови на Црна Гора и синоќа продолжија протестите против усвојувањето на нацрт-законот за слобода на вероисповеста, јавија црногорските медиуми.

Во Подгорица литијата низ улиците ја водеше митрополитот црногорско-приморски Амфилохије.

По молебенот, литијата тргна низ улиците на Подгорица во 19 часот од Соборниот храм до црквата Свети Макавеј во Толоши и се врати во храмот, пренесува РТЦГ.

Hram

,,Ове свете вечери преко стотину хиљада православних хришћана широм Црне Горе, хода пјевајући дивне хришћанске пјесме." Митрополит АмфилохијеObjektiv Crna Gora

Posted by Objektiv Story on Петок, 03 јануари 2020

Митрополитот Амфилохије се обрати на верниците со порака дека ништо не може да се изгради на основа на беззаконие и дека храмовите се божја сопственост.

Во Беране неколку илјади граѓани, меѓу кои и градоначалникот Драгослав Шчекиќ и голем број локални функционери, се собраа пред општинската зграда, извикувајќи „Не го даваме тоа што ни е свето“.

Синоќа протестираа и голем број жители на Жабјак и Бјело Поле.

Litija Podgorica Mitropolit Amfilohije predvodi litiju

Posted by Objektiv Story on Петок, 03 јануари 2020

Протоереј ставрофор Милан Станишиќ ги повика верниците да бидат достоинствени во протестите против донесување на законот за вероисповест, да ги слушаат своите епископи и митрополити и да го прават тоа што тие го благословуваат.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда