По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Од:

Умерен земјотрес од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21.07 часот во Црна Гора, соопшти Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија.

Земјотресот бил на четири километри западно од Чараѓе.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на длабочина од 13 километри.

„Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика помала материјална штета во епицентралното подрачје“, се вели во соопштението.

Потоа следеа уште два земјотреси со јачина од 2,08 и 3,37 степени според Рихтер, во 21.13 часот и вo 21.23 часот, објавено е на веб-страницата на Институтот.

„Во Никшиќ многу се чувствуваше“, напиша во коментар еден читател на порталот „Вијести“.

Минатиот месец земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во општина Никшиќ.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак