Повторно земјотреси во регионот на Берово и Делчево

Од:

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија. Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.

Вториот земјотрес бил со послаба јачина од 2,1 степен седум минути подоцна со епицентар во истото место и на длабочина од десет километри.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција