Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 10:13 часот во Колумбија.
Според достапните податоци, епицентарот се наоѓа на 18 километри југозападно од колумбискиот град Сан Антонио.
Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 35 километри под површината на Земјата.
Жители ширум Колумбија пријавија дека го почувствувале земјотресот во неколку градови, при што интензитетот на потресот варирал во зависност од локацијата. Некои жители го опишаа земјотресот како многу силен, додека други пријавија послаби потреси. Извештаи пристигнаа од Гвадалахара де Буга, Ибаге, Переира, Кали, Јумбо, Неива и други области. Жител на Ибаге изјави дека го почувствувал потресот на 15-тиот кат од зграда, додека жителите во Кали пријавија различен интензитет – од слаб до силен.
Од Јумбо пристигна извештај дека се тресела куќа, а потреси забележаа и жителите во Манизалес.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
