Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Од:

Група граѓани денеска одржаа мирен протест и марш низ Тетово за случајот со куче кое беше снимено како паѓа од зграда во изградба, по што потоа угина. Тие истакнаа дека се револтирани и сметаат дека институциите не преземеле соодветни мерки. Побараа да се најде виновник за начинот на кој животот го загуби кучето од видео снимката.

Снежана Гијевска нагласи дека треба да бидат повикани и пожарникарите кои биле на ова место овде за да дејствуват.

-Тетово е посебна приказна, град со лоши луѓе, бездушни, кои мислат само за себе и за својата добробит. Господ не создал, природата луѓето и животните, да се сакаме и да живееме заедно. Ние ентузијастите не сме малку, среќна што за прв пат се собравме да искажеме револт и да го повикаме градоначалникот да си ја врши својата работа и да се грижи за бездомните животни. Тендерите што се дадени да се трошат наменски не во други цели. Ги повикуваме Агенција за храна и ветеринарство и Обвинителство да поведат постапка затоа што тука се работи за неколу кривични дела. Се повикува градоначалникот да си ја врши својата дејност во однос на бездомните животни. Против инвеститорот изведувачот на оваа проколната зграда, треба да се поднесе кривична пријава затоа што ништо не е обезбедено. Од доле до горе го терале кучето со стапови го избезумиле го качиле до седми кат за да падне одозгора и да пролее крв, рече Гијевска.

На новинарски прашања дали имаат поведено иницијатива за згрижување на животни, дел од нив посочија дека самите тие се грижат за бездомните кучиња.

-Немаме никаква иницијатива поддадено до градоначалникот на Тетово. За оваа прашање сме на мисла да дадеме барање, имаме слушнато дека има многу тендери доделено и во изминатите години за кои не знаме каде завршуваат за прифалишта за бездомни животни што покрива сместување, храна стерилизација.Од тоа ништо нема во градов. Ние како поединци сами се грижиме за бездомните кутриња, сами ги носиме на стерилизација. Оние кои може да ги издржиме финансиски, ги храниме, ги стерилизираме, се ободуваме да ги вдомиме но тоа не е решен проблем затоа што не можеме и ние секогаш финански да ги покриеме сите тие трошоци, изјави Анета Филиповска.

На 22 март беше објавена снимката како паѓа кучето, а случајот во полиција го пријавил жител на градот од зграда од спротива. На 24 март СВР Тетово информираше за расчистување на случајот,а утврдено е дека не се точни шпекулациите дека наводно некој го турнал кучето.

-Извршени се службени разговори со двајцата пожарникари кои биле повикани да го заловат и отстранат кучето од објектот во кој работници изведувале градежни работи, како и со лицето пријавител и очевидец на паѓањето на кучето, информираше СВР Тетово.

Полицијата сооошти и дека ќе биде изготвено писмено известување кое ќе се достави до јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски