(ВИДЕО) Најмалку 325 лица се уапсени на пропалестински протест во Лондон

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека уапсила 325 лица за време на протестот во Лондон, организиран како поддршка за „Палестинска акција“ (Palestine Action) – организација која е забранета од британската влада.

„Вкупно 325 лица беа уапсени вчера. Огромното мнозинство – 320 од нив – беа таму за да изразат поддршка за организација која е забранета согласно Законот за тероризам“, наведе денеска Метрополитен полицијата во објава на платформата X.

Демонстрантите се собраа пред Амбасадата на САД во пресрет на дводневното рочиште пред Високиот суд во Британија, кое започнува во среда, а се однесува на одлуката на британската влада од јули 2025 година да ја забрани „Палестинска акција“ врз основа на антитерористичкото законодавство.

И Соединетите Држави, во август, ја прогласија „Палестинска акција“ за терористичка организација.

Помала група демонстранти се собра и пред Конзулатот на САД во Единбург, главниот град на Шкотска; сепак, според шкотската полиција, таму немало апсења. „Палестинска акција“ беше ставена надвор од законот според британските антитерористички прописи во 2025 година, откако нејзини активисти упаднаа во базата на Кралските воздухопловни сили во Брајз Нортон и оштетија два воени авиони. Групата, исто така, спроведе низа акции насочени кон компании во Британија кои имаат врски со Израел – вклучително и еден инцидент во кој полицаец се здоби со сериозни повреди – потсетува весникот *The Times of Israel*.

Би можело да ве интересира

Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Илјадници демонстранти во Грција бараат бесплатно образование и повисоки плати