Француската левица повикува на нов бран протести: „Министерот не е тој што треба да одлучува“

Од:

Француската левичарска партија „Непокорна Франција“ (*La France Insoumise* – LFI) денес повика на продолжување на протестите на средношколците, и покрај апелот на владата учениците да се вратат во училниците.

„Протестите завршуваат кога ќе се исполнат барањата. Студентските и ученичките организации повикуваат на протести во сабота, а ние ќе бидеме таму“, изјави Матилда Пано, шефица на пратеничката група на LFI во француското Национално собрание, како што пренесе денес BFM.

По неколкунеделна мобилизација, францускиот министер за образование Едуар Жефре вчера упати повик до учениците да се вратат во училниците.

„Не е на министерот да одлучува за тоа“, изјави Пано за TF1.

По неколкунеделни протести, владата понуди одговори на барањата на средношколците и студентите; сепак, тие не ги убедија целосно младите, кои продолжуваат да повикуваат на мобилизација за сабота, 31 октомври.

Во меѓувреме, координативното тело на движењето „Жолти елеци“ (*Gilets Jaunes*) и Генералната конфедерација на трудот (CGT) до париската полиција ја доставија планираната рута за протестите на 31 октомври во Париз, објави денес BFM.

Иако CGT не ја откри конкретната траса, „Жолтите елеци“ побараа маршот да започне на плоштадот Бастилја во 14:00 часот, да продолжи покрај Операта Гарние и „Големите булевари“ (*Grands Boulevards*) и да заврши на плоштадот Конкорд, кој се наоѓа во близина на Националното собрание.

Би можело да ве интересира

Макрон се обидува да ја смири Франција, полицијата се подготвува за нови немири

А1он

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Илјадници демонстранти во Грција бараат бесплатно образование и повисоки плати