(ВИДЕО) Брнабиќ: Денеска ќе биде катастрофално

Од:

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, за српската ТВ Прва изјави дека денеска бројот на новозаразени со коронавирус ќе биде најголем досега забележан во Србија, од почетокот на пандемијата.

„По податоците од утринава во осум часот, бројката ќе биде катастрофална“, изјави таа за ТВ Прва и додаде дека секој досегашен рекорд ќе биде соборен.

На прашањето зошто Кризниот штаб тогаш не донел нови мерки, Брнабиќ посочи дека Србија има епидемиолошки мерки: маски кои се задолжителни во затворени простории и на отворено каде растојанието е невозможно, ковид-пропусница која важи од 20 часот.

„Ги имаме сите вакцини, имаме лекови. Можеме да им помогнеме на другите, и им помагаме на регионот, на некои членки на ЕУ, на земјите од Африка и Азија. Имаме сè, и сме меѓу првите што го добија. Обезбедивме сè што можевме“, рече таа.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он