ВИДЕО: „Антимаскери“ протестираа во Љубљана, се жалат дека државата ги репресира

Од:

Неколку стотици словенечки граѓани кои се сомневаат во постоењето на коронавирусот или во степенот на опасност од пандемијата, денеска одржаа протест против мерките за заштита од вирусот, откако владата сoопшти дека рестрикциите се продолжуваат до 22 јануари.

На улиците на словенечкиот главен град можеше да се забележи зголемено присуство на полицијата, а собирот на Плоштадот на Републиката го обезбедуваа специјалци.

Демонстрантите, кои се противат на задолжителното носење заштитни маски и на препорачаното вакцинирање, извикуваа „Репресија“ и „Крадци“, меѓу другото.

„Сите ние мораме да одиме на работа, мораме да спортуваме, да имаме дополнителни активности, мораме да одиме на скијање, мораме да одиме на многу места и тоа не смее да ни се забранува“, изјави една учесничка во протестот за РТ.

Премиерот Јанез Јанша денеска објави ново продолжување на рестриктивните мерки и најави дека тие би можеле да бидат продолжени и до крајот на зимата.

Според американскиот универзитет Џонс Хопкинс, во Словенија досега се забележани 143.670 случаи на лица заразени со коронавирусот и 3.070 смртни случаи од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он