Тачи: Ќе понудам најрешителна можна понуда за Србите во северниот дел на Косово

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека на следниот состанок со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, ќе  понуди најрешителна можна понуда за Србите за северниот дел на Косово.

Во интервју за „Гласот на Америка“ Тачи нагласи дека дијалогот е единствена можност за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Во однос на „црвената линија“ на Приштина во политичките разговори со Белград тој истакна дека тоа се „незагрозување на Уставот и косовските закони“.

На коментар на „Гласот на Америка“ дека истото го кажува и Србија за нејзиниот Устав, Тачи рече дека „независноста на Косово е и ќе биде наш компромис, така што сега сме две суверени држави на еднакво ниво, додавајќи дека „нема компромис со суверенитетот“.

Тој оцени дека досегашните три состаноци со Дачиќ во Брисел биле коректни и позитивни особено кога се работи за спроведување на договорот за интегрирано управување со граничните премини.

На прашањето дали е можно прекинување на дијалогот, тој истакна дека единствена можност е дијалогот.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ