Тачи го откажал патувањето во САД по веста за обвинението од Хаг

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој денес требаше да отпатува за Соединетите Американски Држави за преговорите со Србија околу статусот на Косово, го откажал патувањето откако пристигна веста од Хаг дека тој е обвинет за воени злосторства, објави специјалниот претставник на САД за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел.

„Претседателот на Косово штотуку нè информира дека го откажува заминувањето за Вашингтон, по соопштението од канцеларијата на Специјалното обвинителство. Ја почитувам неговата одлука да не учествува во дискусиите додека не се решат правните прашања околу тие наводи,“ напиша Гренел на Твитер.

„Однапред се радуваме на разговорот кој ќе го водиме со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово Авдулах Хоти,“ додаде Гренел.

Тачи денес беше обвинет од Специјалното обвинителство во Хаг што ги истражува воените злосторства за време на косовската војна (1998-1999). Тој, заедно со поранешниот претседател на Собранието на Косово, Кадри Весели и уште осуммина припадници на поранешната ОВК, се товари за серија злосторства против човештвото, вклучувајќи и убиства на околу 100 луѓе, меѓу кои и политички противници.

Би можело да ве интересира

Тридневна жалост во српските заедници во Косово

Уапсени две лица во хотел во село Бањска

Ова се тројцата Срби кои беа убиени во Бањска

Горан Наумовски

Најт: Во Косово сме да обезбедиме стабилност за да може да има политичко решение

Објавен е идентитетот на загинатите во Бањска

Се огласи Москва за нападот во Бањска: Се организираат провокации против Србите

Горан Наумовски