Хашкото обвинителство подигна обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи

Од:

Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи, претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели и уште осуммина поранешни борци и команданти на Ослободителната војска на Косово, за серија злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, прогони и тортура.

Во обвинението се наведува дека Тачи, Весели и другите осомничени сносат кривична одговорност за речиси 100 убиства. Наведени се имињата на стотина жртви меѓу кои и косовски Албанци, Срби, Роми и припадници на други етнички групи, но и политички противници.

„Жртвите на кривични дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат и меѓу нив се косовски Албанци, Срби и Роми, како и политички противници. Обвинението е резултат на долготрајни истраги и го одразува уверувањето на обвинителството дека може да ги докаже вон разумен сомнеж сите обвиненија содржани во неа“, соопшти обвинителството во Хаг.

Од специјалното обвинителство уште наведуваат дека биле принудени да издадат јавно соопштение за обвинението поради „континуираните обиди на Хашим Тачи и Кадри Весели да ја попречуваат и подриваат работата на Специјалниот суд“.
Кадри Весели е поранешен претседател на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Тридневна жалост во српските заедници во Косово

Уапсени две лица во хотел во село Бањска

Ова се тројцата Срби кои беа убиени во Бањска

Горан Наумовски

Најт: Во Косово сме да обезбедиме стабилност за да може да има политичко решение

Објавен е идентитетот на загинатите во Бањска

Се огласи Москва за нападот во Бањска: Се организираат провокации против Србите

Горан Наумовски