Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Од:

Во северниот дел на Косовска Митровица е уапсен Ж.Н. од српска националност.

Тој е осомничен дека наводно извршил воени злосторства на Косово, соопшти управата на полицијата во Приштина.

„Осомничениот Ж.Н.(1954) е осомничен за кривично дело „воено злосторство врз цивилно население – сексуално насилство“, извршено во 1999 година во општина Вучитрн“, се наведува во полициското соопштение.

Со уапсениот е извршен разговор во присуство на бранител, а со решение на обвинителот на Специјалното обвинителство му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ ги укина визите за Србите од Косово

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски