Српските власти дадоа „зелено светло“ за одржување на геј парада во Белград

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ и првиот вицепремиер Александар Вучиќ дадоа „зелено светло“ за одржување на „Парада на гордоста“ во Белград, објави весникот „Блиц“.

Според весникот, полицијата по извршената анализа ја проценила безбедноста состјба околу одржувањето на парадата како „благо позитивна“.

По одобрувањето од државното раководство, полицијата ќе ги изврши и последните подготовки за одржување на „Парадата на гордоста“ во Белград. Еден од најважните индикатори дека Белград се подготвува за парадата е обезбедувањеот на западните амбасади за настанот, што вклучува и план за доаѓање и план за извлекување на демонстрантите, наведува српскиот весник.

Планирано е парадата да почне во сабота во десет часот по локално време во белградскиот парк „Манеж“, по што учесниците ќе направат круг низ улиците на градот и ќе се вратат во паркот. Полицијата ќе ги проверува посетителите, поради што секој учесник ќе мора да носи лична карта или пасош со кој ќе се идентификува.

Организаторите на геј парадата им препорачуваат на учесниците да носат што е можно помалку предмети, да не се облекуваат во светли бои, да не носат знамиња и транспаренти на движењето, бидејќи ќе им бидат одземени од полицијата на влезот на паркот „Манеж“.

Синдикатот на српската полиција побара од државното раководство да ги заштити сите полицајци што утре ќе ја обезбедуваат парадата и сите учесници на оваа манифестација.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија