Србија и Република Српска ќе го тужат НАТО за бомбардирањето со осиромашен ураниум

Од:

Република Српска ќе се приклучи на тужбата против членките на НАТО за предизвикување хуманитарна и еколошка катастрофа во текот на бомбардирањето со осиромашен ураниум.

Ова го пишува бањалучкиот весник „Глас Српске“ кој наведува дека иста тужба подготвува и Србија.

Тужбата ќе биде базирана на шест правосилни пресуди на италијанските судови кои потврдиле постоење поврзаност помеѓу појавата на канцерогени состојби и присуството на италијанските војници во Бих и на Косово, места каде НАТО бомбардирал со осиромашен ураниум.

Од Академијата на науките и уметностите на Република Српска за весникот изјавија дека по правен пат ќе се бара надомест за нанесената штета.

-До сега беше негирано штетното влијание на осиромашениот ураниум, но веќе постојат докази за сосема спротивното и тоа е јака основа за покренување тужба. Имаме многу докази и податоци за причините кои доведоа до зголемена појава на канцерогени заболувања, изјавија од Академијата.

Од Академијата наведуваат дека на нивниот адвокатски тим досега им се јавиле над илјада граѓани кои заболеле од канцер и дека ќе се формира меѓународна комисија со адвокати од земји од Западна Европа, Русија, Кина и Италија кои ќе ја пишуваат тужбата.

Пред извесно време српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија нема намера да влегува ниту да станува членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски